АД ЕЛЕМ се вклучи во акцијата за расчистување на теренот во погодените подрачја
АД Електрани на Македонија се вклучи во акцијата за расчистување на последиците од силното невреме што изминатиот викенд го зафати Скопје и регионот. Над 110 доброволци – вработени во поголемиот дел од подружниците на Компанијата со соодветна опрема се испратени во погодените подрачја и се ставени на располагање на подрачните координативни тела. Во согласност со можностите , компанијата обезбеди еден камион, две помали теренски возила, два дизел агрегати и две пумпи за собирање вода.
Во текот на вчерашниот ден и денеска АД ЕЛЕМ донираше над 20.000 литри пакувана вода, два тони конзервирана храна и два тони средства за хигиена, средства за дезинфекција и пелени.