ИЗЈАВА ОД АД ЕСМ ЗА ПРИВАТНОСТ ПРИ ВРШЕЊЕ НА ВИДЕОНАДЗОР
ИЗЈАВА
ЗА ПРИВАТНОСТ ПРИ ВРШЕЊЕ ВИДЕОНАДЗОР ВО
АД „ЕЛЕКТРАНИ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“ -СКОПЈЕ
Оваа Изјава за приватност го објаснува видот на лични податоци што АД „Електрани на Северна Македонија“, Скопје (во натамошниот текст: Контролор) ги собира од вас при посета на службените/деловните простории и за тоа како Друштвото ги користи овие податоци.
1. Зошто собираме (обработуваме) лични податоци?
Друштвото собира лични податоци преку системот за видеонадзор од следните причини (цели):
• да се контролира пристапот до објектот (зграда, влез, простории) и да се обезбеди сигурност на објектот, безбедност на вработените во Друштвото и на посетителите, како и безбедност на имотот и информациите коишто се лоцирани во просториите или се чуваат во нив;
• за да се спречи односно одврати, но доколку е потребно и да се испита неовластен физички пристап, вклучително и неовластен пристап до безбедносни и заштитени простории, ИТ- инфраструктура или оперативни информации; и
• да се спречи, открие и испита кражба на опрема или на средства во сопственост на Друштвото или на посетители и вработени, или пак закани по безбедноста на персоналот кој работи во просториите (на пример: пожар, физички напад).
Системот за видеонадзор не се користи за ниту една друга цел, како на пример да се следи работата на вработените или нивното присуство. Видеокамерите се поставени така што не го покриваат околниот јавен простор. Камерите се поставени единствено за да дадат општ преглед на она што се случува на одредени места, но не и да се препознаат лица.
Системот за видеонадзор, исто така, не се користи како истражна алатка или за добивање докази при внатрешни истраги или дисциплински постапки, освен ако не е во прашање безбедносен инцидент заради кој е воспоставен видеонадзорот согласно со Законот за заштита на личните податоци. (Во исклучителни околности, податоците може да бидат пренесени до истражните органи во рамките на формална дисциплинска или кривична истрага).
Камерите за видеонадзор се инсталираат, се поставуваат и фокусираат така што се снимаат само лица кои ќе пристапат до службените/деловните простории (објекти), вклучително и имотот.
Системот со видеонадзор ја опфаќа областа на безбедносниот периметар на објектите на АД ЕСМ.
2. Какви податоци собира Друштвото?
Друштвото собира само слики фатени на камерите, при што не се врши тонско снимање.
3. Кој е одговорен за обработка на податоците?
Друштвото е субјект што ја врши обработката на личните податоци и ги утврдува целите на обработка, единствено во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Покрај тоа, раководителот на службата за контрола и обезбедување е лице за контакт и одговорно за видеонадзорот.
4. Кој е правниот основ за обработка на личните податоци преку системот за видеонадзор?
Друштвото користи опрема за видеонадзор за (да се наведе една или повеќе од наведените цели):
• заштита на животот или здравјето на луѓето;
• заштита на сопственоста;
• заштита на животот и здравјето на вработените поради природата на работата; или
• обезбедување контрола на влегувањето и излегувањето од службените т.е. деловните простории.
Заради гореспоменатото обработката е наполно легитимна и законска согласно со член 90 од Законот за заштита на личните податоци.
Покрај тоа, на влезот на деловната зграда, како и на влезовите на сите подружници , има видливо и јасно истакнато известување за видеонадзорот што им овозможува на субјектите на лични податоци да се запознаат со вршењето на видеонадзорот, како и за називот на Друштвото што го врши видеонадзорот и за начинот на кој може да се добијат информации за тоа каде и колку време се чуваат снимките од системот за видеонадзор.
5. Кој може да ги види моите лични податоци?
До видеозаписите може да се пристапи само од страна на овластените лица за видеонадзор. Пристапот до дигиталниот уред или дискот каде што се чуваат видеозаписите е ограничен, заштитен со примена на технички мерки за безбедност на податоците (лозинка, запис за секој настан или акција од вработените, односно овластените лица). До податоците, односно видеозаписите не може да се пристапи без овластување од страна на генералниот директор на АД „Електрани на Северна Македонија“, во државна сопственост, Скопје.
6. Како да ги контролирате вашите податоци?
Може да испратите барање до овластеното лице во Друштвото т.е до офицер за заштита на лични податоци.
7. Можам ли да пристапам до моите податоци?
Вие имате право да пристапите до вашите податоци во секое време и бесплатно, со испраќање соодветно барање до офицерот за заштита на лични податоци..
8. Можам ли да ги менувам моите податоци?
Не е дозволено никакво менување на видеозаписот за видеонадзорот.
9. Може ли да побарам ограничување на обработката на моите податоци?
Вие имате право да ја ограничите обработката на вашите лични податоци во секое време со испраќање соодветно барање (барање за ограничување на личните податоци ) преку е-пошта на офицерот за заштита на лични податоци, во случаи кога – ја оспорувате точноста на вашите лични податоци или кога на Друштвото повеќе не му се потребни податоците за извршување на вашите задачи. Вие, исто така, можете да ја блокирате обработка во случај кога работењето е незаконско и вие се спротивставувате на бришењето податоци. Сепак, блокирањето не е можно во секој случај на службена истрага.
10. Дали можам да ги избришам моите податоци?
Вие имате право да ги избришете вашите податоци во секое време со испраќање соодветно барање (барање за бришење на личните податоци)преку електронска пошта на овластеното лице т.е. офицерот за заштита на лични податоци или писмено на контакт-адреса на Друштвото, во случаи кога обработката е незаконска.
11. Дали се споделуваат моите лични податоци со други лица?
Вашите податоци се чуваат во Друштвото, освен ако не побарате од Друштвото или пак дадете согласност да бидат споделени. Во случај на споделување на Вашите податоци со трети страни, ќе бидете известени на кого се откриени, за која цел и врз кој законски основ.
12. Дали имам право на приговор?
Имате право на приговор и имате право да се спротивставите на обработката во кое било време со испраќање приговор преку е-пошта на офицерот за заштита на лични податоци или писмено на контакт-адреса на Друштвото, кога имате легитимни причини во врска со вашата конкретна ситуација. Контролорот ќе постапи по вашето барање во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето.
13. Што можам да направам во случај на проблем?
а) Првиот чекор е да го известите Друштвото со испраќање е-пошта до contact@elem.com.mk и да побарате да преземе акција.
б) Вториот чекор, ако не добиете одговор од нас или ако не сте задоволни од тоа, контактирајте со нашиот офицер за заштита на личните податоци .
в) Во секое време можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци www.azlp.mk, којашто ќе постапи по вашето барање и ќе ги донесе потребните мерки.
14. Кога ќе започне обработката на моите лични податоци преку системот за видеонадзор?
Обработката започнува во моментот кога ќе ги посетите просториите на Друштвото.
15. Безбедност на личните податоци
Друштвото е посветенo и одговорно за заштита на вашите лични податоци. Затоа, користи безбедносни технологии и процедури со коишто се заштитуваат вашите лични податоци пред сè од неовластен пристап, употреба или откривање. Ние ги чуваме вашите податоци на компјутерски системи со ограничен пристап и во контролирана околина.
16. Колку долго ги чуваме вашите податоци?
Друштвото ќе ги чува вашите лични податоци сè до исполнување на целите за коишто се врши видеонадзорот, но не подолго од 30 календарски денови по вашата посета во нашите простории, по што сите снимени видеозаписи автоматски се бришат.