ЕСМ на прв поглед
Електричната енергија е најважен фактор за економски развој на една земја, а нашата примарна цел покрај континуираното и стабилно производство на електрична енергија, е и изнаоѓање на нови извори на енергија и подобрување на еколошката свест. Електричната енергија не е дар од Бога, таа е најсофистицираниот извор на енергија. Нашата земја изобилува со разновидни природни богатства и ресурси кои можат да обезбедат доволно енергија за сите наши потреби. Ние ја облагодаруваме природата и ја произведуваме електричната енергија. За нас во АД ЕСМ секоја капка вода и секое парче земја има огромно значење, затоа што знаеме дека таму се крие моќ, таму се крие моќта на енергијата.
АД ЕСМ е столбот на државата без негова стабилност нема подобра и посигурна иднина и затоа не треба да постои одлагање на развојното решение за иднината на нашиот систем. Нашите хидро и термо-капацитети работат постојано и се одржуваат деноноќно.
Ние од своите капацитети обезбедуваме околу 90 отсто од вкупното домашно производство. Од термоелектраните со инсталиран капацитет од 824 МW произведуваме просечно годишно до 5.000 GWh електрична енергија, од хидроелектраните со инсталиран капацитет од 556,8 MW 1.200 GWh просечно годишно електрична енергија, а од ветерните електрани со инсталиран капацитет од 36,8 MW произведуваме преку 100 GWh електрична енергија. Дел од системот на ЕСМ е и когенеративната гасна електрана КОГЕЛ што се состои од 10 гасни мотори со вкупна електрична моќност од околу 30 МW, што можат да оддадат топлинска моќност од околу 26 МW. Од април 2022 почна со работа и првата фотонапонска електрана ФЕ Осломеј 1, со инсталирана моќност од 10 МW. ФЕ Осломеј 1 е првата сончева електрана во Југоисточна Европа изградена врз стар рудник.
Сертификат ISO 14001:2015
Анекс на сертификат ISO 14001:2015
Сертификат ISO 9001:2015
Анекс на сертикифатот ISO 9001:2015
Сертификат OHSAS 18.001:2007
Политика за квалитет
Политика за безбедност и здравје при работа
Политика за животна средина
Социјална политика ФЕ Осломеј
НАШИТЕ ЛУЃЕ СЕ НАША МОЌ
Зад успехот, амбициите и добрите резултати стојат вработените. Тие најдобро знаат колку е макотрпно нашите постојни производствени капацитети да се одржуваат во најдобра кондиција. Ние во АД ЕСМ, знаеме дека успехот на работата зависи од луѓето кои свесни за одговорноста и предизвикот, навремено и квалитетно ги извршуваат своите задачи. Ние се грижиме за континуирана едукација на своите вработени преку разновидни обуки, тренинзи и семинари. Ние го стимулираме иновативниот пристап во работата на нашите вработени, а тие ни враќаат со нивната професионалност, посветеност, лојалност и одговорност.
МИСИЈА
ПРИРОДА ПРЕТОЧЕНА ВО ЕНЕРГИЈА
Ние не ја создаваме енергијата. Таа е создадена и се наоѓа во природата во најразлични облици. Ние имаме едуцирани и посветени луѓе, технологија и капацитети кои ја преземаат енергијата од природата и ја преобразуваат во облик кој што на сите нас ни е потребен. Благодетите од електричната енергија ги чувствуваме сите преку другите видови енергија: топлинска, светлинска, механичка и звучна.
Ние природата ја преточуваме во енергија. Нашата работа не застанува тука. Ние се грижиме и за природата. Нашите вработени не се грижат само за процесот на производство, туку и за порационално и планско користење на природата и нејзина заштита, одржување и обнова.
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ЗА ПОДОБРА И ПОСИГУРНА ИДНИНА
Свесни за неопходноста да ја заштитиме, зачуваме и унапредиме животната средина за сегашните и идните генерации нашата компанија ги презема сите чекори за заштита на животната средина.
- континуирано следење на количините на штетни гасови и честички кои се емитуваат во воздухот во нашите термоцентрали низ еколошки параметри.
- рекултивација и пошумување на експлоатираните јагленови ископи и неутрализација на отпадните води.
- заштита на флората и фауната од влијанието на хидроакумулациите врз макро и микро климата.
- глобална заштита на луѓето и имотите од поплави како при планирање на нови така и при анализа и експлоатација на постојните хидроакумулации со изработка на соодветни студии и проекти.
ВИЗИЈА
ДА ПРИДОНЕСЕМЕ КОН ИСКОРИСТУВАЊЕ НА СЕКОЈ МЕТАР ПАД И ЛИТАР ВОДА ВО НАШАТА ЗЕМЈА
ЕСМ е стожерот на електроенергетскиот систем, почетна, и главна алка во системот на производство – пренос – дистрибуција. ЕСМ е производителот на енергенс наречен електрична енергија. ЕСМ во моментов на домашниот пазар нуди три основни производи: активна енергија, реактивна енергија и системски услуги. Компанијата инвестира и верува дека производството од домашни ресурси е најисплатливо и долгорочно прифатливо за Република Северна Македонија.
ЕСМ работи за да им се придружи на современите и технолошки напредни земји во светот и да стане дел од Европската Унија – слободна трговија со струја, согласно директивите на ЕУ, либерализација, зголемување на конкуренцијата и раздвижување на сите учесници во електроенергетскиот сектор. Само така долгорочно може да се обезбедат средства за развој, да се поттикнат инвестициите во енергетиката и да се зајакне економијата во државава.
МОТО
НИКОГАШ НЕ ЗАПИРАМЕ, ПОСТОЈАНО СЕ РАЗВИВАМЕ
Ние се грижиме за континуирана едукација и надградба на нашите вработени преку разновидни обуки, тренинзи и семинари. ЕСМ е работна средина која стимулира и иновативен пристап во работењето, поттикнувајќи ги своите луѓе за разработка на нови, алтернативни начини за поефикасно и поисплатливо искористување на ресурсите.