RIS-ALiCE проект

Индустриски остатоци/отпади богати со алуминиум како минерални врзивни средства во регионот на Источна и Југоисточна Европа

Времетраење на проектот: 1 јануари 2019 година – 31 декември 2021 година

Цел
Иако Комисијата на ЕУ промовира зајакнување на ефикасноста на ресурсите и рециклирање, европската економија губи значителна количина на потенцијални секундарни суровини. Огромни количини на разни остатоци богати со алуминиум (челични згура, црвена кал, пепел, депонии на рудници за боксит) со ниска стапка на рециклирање или депонирани во земјите на RIS претставуваат висок потенцијал на секундарни минерални ресурси. Ветувачки начин за рециклирање на овие отпадни минерални материи е синтеза на одржливи минерални врзива со висока содржина на Al, кои можат понатаму да се користат како градежни материјали кои не се штетни за животната средина. Од друга страна, високата содржина на Al е главна болна точка при производство на минерални врзива богати со алуминиум, согласно зголемената потреба од вредниот природен ресурс  боксит.

Решение (технологија)
RIS –ALiCE планира да го надмине овој предизвик со замена на бокситот со индустриски и руднички јаловини со висока содржина на алуминиум. Покрај тоа, овој пристап ќе претставува иновативна студија на случај на рециклирање за регионот на Источна и Југоисточна Европа. Главните исходи на проектот се воспоставување на долгорочна активна мрежа помеѓу производителите и крајните корисници на индустриски јаловини богати со алуминиум, валоризација на јаловините богати со алуминиум преку производство на еколошки прифатливи минерални врзива  со висок степен на  алуминиум, врз основа на  податоци од Словенија, Унгарија и БиХ, трансфер на знаење од Словенија, Унгарија и БиХ во целиот регион на Источна и Југоисточна Европа, и придонес кон имплементација на циркуларна економија и управување со нула отпад за индустриски јаловини богати со алуминиум во регионот на Источна и Југоисточна Европа.

Партнерство 

  • Градежен Институт Словенија, ZAG (Словенечки национален институт за изградба и градежништво), Словенија (водечки партнер)
  • Беј Золтан Непрофитна ДОО за применети истражувања, Унгарија
  • Цементарница УСЈЕ АД, Македонија
  • Француска Комисија за алтернативни енергии и атомска енергија, Франција
  • Геолошки Завод на Словенија, GeoZS, Словенија
  • АД ЕСМ, Македонија
  • Луцис ДОО, Словенија
  • Маџармет (МАГИ), Унгарија
  • Салонит Анхово, Словенија
  • СИЈ АКРОНИ ДОО, Словенија
  • Термоцентрала Шоштањ, ДОО, Словенија
  • Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Технолошко-металуршки факултет, Македонија
  • Технички универзитет во Виена, Австрија
  • Универзитет во Белград, Винча, Институт за нуклеарни науки, Србија
  • Универзитет во Зеница, Металуршки институт Кемал Капетановиќ, Босна и Херцеговина 

 RIS ALiCE леток

линкoви:
https://eitrawmaterials.eu/project/ris-alice/
http://ris-alice.zag.si/
http://www.zag.si/en/projects/3b2e88856d6630309228dee57d295b9f